Клековски: Шест наместо три обиди за ин витро оплодување, на товар на ФЗО

Од:

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство, информираа генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието.

„Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација, рече Клековски.

Тој додаде и дека Фондот го скратил времето на одлучување од три месеци на две недели.

„Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од административниот процес“ потенцира Клековски.

Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство.

„Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комисија со што се скратува процесот и обезбедува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост“ – нагласи Клековски.

Според ФЗО, се поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди.

Би можело да ве интересира

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање