Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

Од:

Има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин и три македонски државјани од Велес, Штип и Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. Бебињата до 12 месеци не се опфатени со вакцината и нив треба да ги заштитите со вакцинација на сите во околината, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје, посочи тој, ги завршуваат епидемиолошките анализи за евентуалната поврзаност и можност за поврзаност меѓу случаите и многу наскоро ќе го објавиме тоа дали има поврзаност меѓу тие случаи или не. Потенцира дека услови за прогласување на епидемија во моментов нема.

– Имаме први случаи и тоа што го правиме во услови на епидемија во Косово и на Бугарија е да повикуваме на претпазливост кај граѓаните и кај институциите. Во однос на граѓаните, вакцинирајте се, проверете дали имате две дози на вакцината или дали сте прележале од болеста. Ова посебно го апелирам до здравствените работници да го направат, бидејќи тие се во контакт и се најризични. Во однос на граѓаните, доколку имате температура и осип, не одите на доктор, јавете се на доктор. Сипаниците се високо заразни и секое одење во чекалница го зголемува ризикот од проширување на сипаниците. Главна контакт точка за сипаниците се во основа чекалниците во здравствените установи. Вирусот е активен околу два часа во воздухот и доколку тоа релативно широка зона на ризик и мислам дека треба да бидеме максимално претпазливи во однос на тоа, рече Клековски.

Во однос на институциите, појасни, Институтот за јавно здравје веќе претходно им е изготвено протоколи за здравствените установи, значи побаравме сите здравствени работници да си ги проверат картончињата за вакцинации, дали се вакцинирани и не се, дали имате прележано немаат.

– Се работи на издадено упатство на градинките и школите кое е дистрибуирано преку соодветните министерства и издадени се протоколи за граничните премини. Пред да патувате за Косово и за Бугарија, проверете си ги повторно каква е вашата состојба, бидејќи во тие две земји има прогласено епидемија. Ние сме во комуникација со странската земја откаде што е странскиот државјанин да размениме информации, Косово. Тројцата македонски државјани не патувале во странство и затоа ги испитуваат можностите за поврзаност дома во Македонија. Едното бебе беше хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, отпуштено е на домашна нега, значи се во добра состојба. Издадовме наредба на Клиниката за детски болести да се подготвува за прифат на вакви случаи, затоа што Инфективната клиника не е оспособена за третман на бебиња, истакна Клековски и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе заседава.

Едно од препораките, посочи министерт, е да се обратам до јавноста и ова го користам како прва можност за обраќање до јавноста.

– Значи имаме четири од кои три домашни случаи се испитува нивната врска, таа ќе биде објавена, имаме препораки за граѓаните и за институциите, без оглед дали се здравствени или образовни и сега е до нас да направиме сè овие три случаи не станат повеќе случаи. Сите треба да бидеме со зголемена претпазливост и градинките и училиштата. Апелирам и до родителите како што не треба да ги носат децата во чекална во здравствена установа, ако се појави зголемена температура, црвенило на очите, осип, така да не ги носат и во градинките. Има доволно вакцини, имаме 14.000 вакцини на залиха што се во моментов достапни. Имаме можност за зголемување на бројот на количини. Минатиот пат кога се прогласија епидемии се употребени околу 50.000 вакцини, генерално затоа што има големо заостанување од претходни генерации заради недоволниот отпор на вакцинација, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање пред панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“.

Би можело да ве интересира

Клековски: Три лица од ФЗО и две од приватна болница се инволвирани во злоупотреба на средства, за што во тек е полициска акција

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа, вели Клековски

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне во втората половина од месецов