Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Од:

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе.

За ФЗОМ, виновна е првостепената лекарска комисија која не ги содржела конкретните побарувања за пациентот да добие одобрување за рехабилитација, но и непроменетиот закон со кој истата рехабилитација не е дел од трошоците кои ФЗОМ ги покрива за лекување во странство.
ФЗОМ не откри дали постои можност како институција да одлучи младиот Леонид да биде испратен на рехабилитација и вината ја префрли врз законодавниот дом и законот за Законот за здравствено осигурување.

„Овде проблемот е што законот не дозволува таква промена. И кога законот го исклучува правото за медицинска рехабилитација и за медицински интервенции кои што се од естетски карактер или можат да бидат предизвикани и поради некоја болест како на пример отстранување на дојка, поради рак на дојка, законот не дозволува ваквите интервенции да се плаќаат од страна на фондот како што е и медицинската рехабилитација“, појаснуваат од фондот.

Додаваат дека со децении медицинската рехабилитација не била покривана од страна на Фондот за здравство и дека дополнителните права на Фондот ќе отворат нови прашања за финансиските средства на фондот.

Ова доаѓа еден месец по предлогот на ФЗОМ до Управниот одбор на институцијата да се намали бројот на кардиохируршки интервениции во приватните клиники „Жан Митрев“ и „Систина“ за осигурениците кои досега на државна сметка можеа да се оперираат и лекуваат таму.
ФЗО му предложи на Управниот одбор Предлог за утврдување максимален број извршени здравствени услуги (пакети) од болничка здравствена заштита од областа кардиологија и кардиохирургија за 2024 година.

Од кардиохируршките интервенции на фондовска сметка, приватните клиники извршуваа операции на аневризма на аорта, замена на валвула, вградување на стентови. Ова се прилично скапи операции, но е намалено времето на чекање кај пациентите на кои им требаат итни интервенции и кои не можат да си дозволат да се оперираат на приватно.

Својот предлог за намалување на овие интервенции ФЗО го правда со тоа што смета дека најголемиот дел од интервенциите можат да се изведуваат на Универзитетската Клиника за државна кардиохирургија и на Клиниката за кардиологија, како и на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, како и со фактот дека за овие процедури се користат скапи материјали за вградување.

Од овие 157 интервенции, ФЗО предлага 131 здравствена услуга на пациентите да им се пружа на државните клиники за кардиохирургија, кардиологија и торакална и васкуларна хирургија. Приватните клиники, „Жан Митрев“ и „Систина“ ќе добијат 26 интервенции покриени од Фондот за здравство.

Иако од 2015 година функционира и Државна кардиохирургија, истата немаше капацитет да ги изврши се поголемиот број на кардихируршки интервенции на државна сметка во јавно здравство, па пациентите се оперираа во двете најголеми приватни болници исто така на сметка на Фондот.

Лошото менаџирање со најзначајната институција за граѓаните која располага со огромни средства за лекување на пациентите и одржување на здравствениот систем го докажаа и извештаите од Државниот завод за ревизија.

„Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица утврдени се слабости и неправилности при што во целост не се обезбедува соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола, односно систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето во странство“, утврдија ревизорите.

Ревизорите во последниот објавен извештај за 2021 година открија низа пропусти при издавањето лекови, исплата на надоместок за породилно отсуство додека осигуреници земале плата, необезбедени доволно здравствени услуги за дијагностицирање ковид-19 на товар на Фондот.
Државните ревизори утврдиле дека во период од три години, граѓаните потрошиле безмалку 20 милиони евра за ПЦР тестови во приватното здравство. При исплата на надоместоците за породилно отсуство, немало контрола пораид што се исплатувани надоместоци и кога осигурениците остварувале плата за ефективни часови на работа.

Би можело да ве интересира

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Предраг Петровиќ

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Манолева: Родителите на Леонид не побарале мислење за можноста за лекување во нашите установи

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Пациентите оставени на цедило: Фондот ги намали операциите на срце во приватните клиники

Орце Костов