Вработените во МВР повторно немаат здравствено осигурување

Од:

Вработените во Министерството за внатрешни работи повторно немаат здравствено осигурување. Информацијата за А1он ја повтрдија вработени во Министерството.

Си плаќаат приватно се што прават како медицинска интервенција, прегледи, снимки, анализи. Проблемот како и во јуни годинава се јавува некаде на релација МВР-Фонд за здравствено осгурување.

Независниот синдикат на полицијата (НСП) реагира на, како што велат, повторното појавување на проблеми со здравственото осигурување на припадниците на Министерството за внатрешни работи во Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Од синдикатот посочуваат дека внимателно ја следат состојбата и оценуваат дека ваквите ситуации се недозволиви, особено кога станува збор за здравственото осигурување на полициските службеници.

„Сметаме дека ваквите ситуации се недозволиви и не смеат да се повторуваат во ФЗОМ, особено кога станува збор за здравственото осигурување на полициските службеници“, велат од НСП.

Синдикатот најави дека во текот на денот ќе достави допис до министерот за внатрешни работи, во кој ќе побара итна интервенција во ФЗОМ.

Целта, според НСП, е проблемот да биде надминат во најкраток можен рок, но и да се обезбеди трајно решение со кое ќе се спречи ваквите ситуации да се повторуваат во иднина.

„НСП останува посветен на заштитата на правата и интересите на припадниците на МВР и ќе продолжи да реагира секогаш кога нивните права се доведени во прашање“, додаваат од синдикатот.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Нови, построги правила за боледувањата

Катерина Ѓуровски

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Проблемот со здравственото осигурување во МВР повторно е поради вратени вработени со судски одлуки, објаснуваат од Фондот

Катерина Ѓуровски

Златко Перински е именуван за В.Д. директор на Фондот за здравствен осигурување

Катерина Ѓуровски

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти