Владата на денешната седница, на предлог на министерот за здравство, го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“.
