До вторник ќе продолжи периодот на стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а најтопло ќе биде во недела и понеделник, кога ќе достигне до 39 степени, соопшти УХМР.
Во вторник и среда ќе настапи преодно наоблачување проследено со северен ветер, повремен пороен дожд и услови за нестабилност, а температурите повторно ќе опаднат. Минималните ќе се спуштат до 8, а максималните дневни ќе достигнуваат до 32 степена.