Нестабилно време со дожд и грмежи, кои наместа ќе достигнат до 30 литри на метар квадратен, најавуваат метеоролозите за време на викендот.
Од УХРМ соопштуваат дека на места ќе има силни електрични празнења и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на град.
Во понеделник ќе се задржи облачно и постудено време со врнежи од дожд.
УХРМ препроачува во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.