За велигденските празници облачно со дожд и грмежи

Од:

За време на велигденските празници во Македонија ќе биде облачно, а од недела попладне и во ноќните часови кон понеделник се очекуваат поројни врнежи од дожд и грмежи.

Наместа, особено во северозападните делови од државава, се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер.

Облачноста ќе настапи од сабота попладне кога на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во сабота минималната температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а максималната температура од 20 до 26 степени. Во недела ќе има благ пад на максималните температури кои ќе достигнат до 23 степени, а веќе од понеделник максималната температура ќе биде 21 степен.

Потоа ќе настапи период на разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо време. Утрата во вторник и среда ќе бидат свежи со минимални температури околу нулата, додека дневните ќе се движат до 21 степен во вторник и 19 степени во среда.

Од среда повторно ќе има нов влажен и постуден бран од северозапад, од кој се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски