За менаџирање со отпадот веќе има проект планови, но тоа е комплексен и скап процес, вели Нуредини

Од:

Идејата е да се намали бројот на депониите и количината која се исфрла како отпад во истите. Во однос на отпадот како држава имаме веќе проект планови, но тоа е комплексен и скап процес.

Ова денеска го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството.

– Идејата е да се воведе циркуларна економија, да се воведе рециклирање на отпадите, тоа е напредокот и иднината. Ние ќе работиме, ќе створиме план за отстранување на овие децениски диви депонии во градот, но истовремено барам од локалните власти да ги спречат луѓето да фрлаат отпад во овие места, вели Нуредини.

Тој истакна дека досега никогаш како Влада не навлегле во компетенциите на локалната власт во однос на менаџирање на отпади.

Во однос на инспекторите, тој нагласи дека ќе побара од нив да бидат поефикасни, но и да се зголеми нивниот број. За мерните станици рече дека порачале делови, и верува во најскоро време дека ќе почнат да функционираат.

– Веќе планираме и организиравме една работна група каде ќе ги повикаме сите инспектори и ќе побараме од нив да си ја вршат работата, да излезат на терен, од друга страна тоа ќе го побараме тоа и од локалната самлуправа. Веќе имаме Нацрт закон што се очекува да биде изгласан во наредните три недели до месец дена и со што ќе бидат покриени сите теми поврзани со краткорочните планови, каде се регистрира отпад, каде се палат пожари, рече Нуредини.

Во врска со законот за инспекциски надзор за животна средина, Нуредини рече дека се финализира, се работи на него и се надева ќе го привршат за кратко време.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов