За Кацарска цел Судски совет гласал дека не треба да биде разрешена

Од:

Членовите на Судскиот совет, одлуката за отфрлање на иницијативата за разрешување на судијката Добрила Кацарска ја донеле едногласно, дознава неофицијално „А1он“.

dobivaj vesti na viber

Ова следува по изготвениот извештај од тричлената комисија која на јавна седница ги сослуша и судијката и сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, кој ја поднесе претставката за разрешување.

Илиевски, повеќе од еден и пол час ја објаснуваше претставката за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Претставката беше поднесена поради пристрасно водење на постапката, намерна повреда на правата за правично судење и груба повреда на судискиот кодекс во предметот за набавката на мерцедесот „Тенк“.

Како што рече Илиевски, кога Јанкулоска била во ризична бременост и два месеца потоа, со јавно кажаните закани дека ќе биде присилно донесена на судење, доколку не се појави на закажаните рочишта, Кацарска сакала да ја оствари целта за донесување одлука за постоењето вина на ексминистерката.

Кацарска, која во Судскиот совет дојде со двајца адвокати, за како што рече, да му даде тежина на настанот, рече дека нема дамка во нејзината 33-годишна кариера како судија, а причината за долгите рочишта е по вина на обвинетите, бидејќи 10 до 15 часот се изнесувале само приговори и барања за изземање од самите адвокати, а во 15 часот бранителите барале да прекине расправата поради истек на работното време.

Ниту едно право на обвинетата, како што рече, не ѝ било ускратено.

Јанкулоска е осудена на казна затвор од 4,5 години за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Тенк“.

Би можело да ве интересира

Наместо Судскиот совет во иднина самите судии меѓусебно ќе се оценуваат

Ана Ололовска

Судскиот совет разреши петмина судии

Судскиот совет го испитува патувањето на судијата Лазар Нанев во Палермо

Катерина Павлова-Николовска

Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

За Кацарска, пратениците се несериозни: Зарем пет судии треба да дискутираме за уставноста на Преспанскиот договор

Кристијан Ландов

Кацарска со писмо до Џафери бара Собранието побрзо да ги избере новите уставни судии

Катерина Павлова-Николовска