За една недела, биле издадени 13.957 решенија за изолација

Од:

Државниот санитарен инспекторат издал скоро 14 илјади решенија за изолација за една недела, посочи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска. Таа кажа дека прекршоци регистрираат скоро сите инспекторати. Агенцијата за лекови, во минатата недела извршила 12 надзори, е една од ретките кои не констатирале неправилности. Од седумте инспекциски служби, за една недела биле спроведени 5236 надзори и контроли.

„Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши 92 надзори и изрече 17 решенија за прекршоци. Инспекторатот минатата недела издаде и вкупно 13.957 решенија за изолација и домашно лекување на лица заболени од корона или лица кои биле во контакт со заболено лице“, рече Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 220 надзори. За утврдените неправилности издала осум решенија, 15 едукации и два прекршочни платни налози. Државниот инспекторат за животна средина извршил 39 надзори и констатирал неправилности.

„Инспекторатот за транспорт изврши 30 надзори и изречени се 2 прекршочни пријави и еден прекршочен платен налог. Во однос на здравствените протоколи, не се констатирани прекршоци. Инспекторатот за труд во изминатите седум дена изврши 341 надзор во различни правни субјекти, со фокус на протоколот за превентивни мерки за сите работни места. Трудовите инспектори донесоа 16 решенија од кои 9 заради непочитување на протоколот. Изрекоа и пет прекршочни налози за вработени бидејќи не носеле заштитна маска“, додаде Грашкоска.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Не се објавуваат име и презиме, позитивните од денес со матичен број си ги преземаат решенијата за изолација од сајтот на ДСЗИ

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска

Од септември карантин за оние кои се враќаат во Македонија, а немаат ПЦР тест или потврда за вакцинација

А1он