За 21 јануари одложено судењето за „Топлик“

Од:

Судското рочиште за случајот „Топлик“ на СЈО, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица е одложено за 21 јануари.

Од Судот информираат дека одложувањето е во договор со странките уште на минатото рочиште поради технички причини.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари, односно за милион и 44.000 евра.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен