Вучиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани: Србија е секогаш со своите пријатели, подготвена да помогне

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство за смртта на голем број луѓе во дискотека во Кочани.

Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти.

Нашите мисли се со сите кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш со своите пријатели подготвена во согласност со своите можности, да пружи секаква потребна помош, објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Вторник е ден на жалост во Србија поради жртвите во Кочани

Зајкова: Тежок и траорен ден за Македонија – искрено сочувство до семејствата на настраданите во Кочани

Жртвите во трагедијата во Кочани се на возраст од 14 до 24 години

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Благојчо Георгиев низ солзи открива: Дискотеката во Кочани беше излепена со најевтина изолација од сунгер, вриеше од малолетници

A1on