Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар, а локално и над 30 литри на квадратен метар. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од четири до 12 степени.
Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер.
За време на викендот се очекува стабилизирање и затоплување на времето.
