Врнежливо и ветровито, најмногу дожд во Маврово

Од:

Во Македонија утринава преовладува облачно време со врнежи од дожд кои се пообилни во северозападните делови. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северните делови на Повардарието дува ветер од северен правец кој повремено се засилува, додека во Скопската котлина на моменти достигнува брзина и до 50 км/час.

Најмногу дожд до 8 часот има наврнато во Маврово – 18 л/м2, потоа во Лазарополе 17, Дебар 7, Охрид и Крива Паланка 4 и Пожаране 2, а најмалку во Претор и Виница – еден литар на метар квадратен.

Најладно утринава е во Берово каде се измерени 0 степени, додека во Маврово се измерени 3 степени, а во Лазарополе 4 степени. Во Крушево и Скопје Петровец температурата била 5 степени, во Крива Паланка 6, во Гевгелија, Охрид, Претор, Пожаране, Ѓуриште, Скопје и Струмица 7, во Дебар и Куманово 8, во Битола 9, Дојран, Прилеп, Виница и Тополчани 10 и во Тетово, Штип и Демир Капија 12 степени.

Повремените врнежи од дожд ќе се задржат и во текот на денот, а на повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи односно над 25 л/м2 се очекуваат во северозападните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со највисоката дневна температура до 10 степени.

Според УХРМ, утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со кратки сончеви периоди попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски