Врнежи уште утре, од четврток потопло со свежи утра

Од:

Врнежи од дожд ќе има уште утре, а од четврток метеоролозите најавуваат разведрување и сончево време.

Според УХМР, преку ноќта и изутрина повремени врнежи ќе има во источните и јужните делови од земјата. Утре претпладне услови за појава на врнежи ќе има на југот каде што е можна појава и на ретки грмежи. Утре и облачноста ќе се намалува и од север ќе има се повеќе сончево време. Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да е особено топло, a најсвежо наутро ќе е во четврток и петок.

Утре температурата ќе се движи од 9 до 30 степени, во четврток утрото температурата ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искажи до 33 степени, во петок ќе биде од 6 до 35 степени, во сабота 8 до 36, во недела од 9 до 33 степени и во понеделник 7 до 31 степен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски