Врнежи од снег во целата земја, најмногу во Пожаране и Лазарополе

Од:

Снежната покривка измерена во 19 часот е највисока во Пожаране 20 см и во Лазарополе 13 см. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени само два см снег, исто колку и во Прилеп и Тополчани, а четири см снег има наврнато во Претор и во Крива Паланка, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд во изминатите 12 часа, пак, наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен и во Пожаране и Лазарополе по 14 л/м2, а најмалку во Петровец и Демир Капија од по еден л/м2.

Како што посочуваат од УХМР, во целава земја има врнежи од снег со променлив интензитет, а во Охрид и јужниот дел од Повардарието врнежите се од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, .

Според УХМР, и во вечерниве часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Пообилни врнежи има во западните делови. Само во крајните југозападни и јужните делови врнежите ќе бидат од дожд. Во текот на ноќта врнежите постепено ќе престануваат.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневните од 2 до 7 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска