Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Од:

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките на СЈО, дознава „Макфакс“. Меѓу нив има и такви кои се однесуваат на истрагите на СЈО и за преземањето предмети од редовните обвинителства. Две од иницијативите биле ставени на дневен ред на општа седница на највисокиот суд закажана за 30 јануари.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја потврдија од Врховниот суд, но не прецизираа на што точно се однесуваат првите две иницијативи. „Макфакс“ дознава дека дел од иницијативите на адвокатот Еленко Миланов поднесени во декември лани се за прашањето дали тимот на Катица Јанева смее да отвора истраги по рокот за поднесување обвиненија и да презема предмети од редовните обвинителства.

„На 30 јануари е закажана општа седница на која што како една од точките на дневен ред е разгледување 2 иницијативи на адвокати за заземање начелно правно мислење во ворска со постапките на СЈО“, потврдија од Врховниот суд за „Макфакс“.

Адвокатот Димитар Дангов кого го контактираше „Макфакс“ рече дека поднел 5 иницијативи до Врховниот суд. Меѓу нив едната е за Законот за заштита на приаватноста, второто е за прифаќање на доказите во оригинал т.е. копија и третата е за читањето на доказите на главната расправа.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски рече дека е на судење и дека дополнителни информации ќе соопшти подоцна во текот на денот.

Врховниот суд на општа седница расправаше за допуштеноста на бомбите како докази, но не успеа да изгради начелно правно мислење и за поднесувањето барање за заштита на законитоста на специјалното јавно обвинителство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов