Поради незамрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Врховниот суд не може да постапува по барањето за заштита на законитоста поднесено од Специјалното јавно обвинителство за предметот „Талир“.
По испратената ургенција од Врховен за комплетирање на предметот, од СЈО одговараат дека во најбрзо време ќе се обратат до Кривичниот суд од каде ќе ги побараат одлуките на советот со кои е одбиено барањето.
Специјалната јавна обвинителка за предметот „Талир“ побара привремена мерка – забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека на тој имот поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело.
Виктор Јованов