Врховниот суд денеска на јавна седница ќе одлучува за притворите на обвинетите од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.
На седницата се повикани пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски по што се очекува судот да се изјасни дали е потребно продолжување на нивниот притвор.
Муковски и Василевски се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу нив е и поранешниот министер на МВР, Митко Чавков.