Врховен може да донесе ново начелно мислење за истрагите на СЈО

Од:

Врховниот судија, Џемали Саити, рече дека останува во правна сила начелното правно мислење на највисокиот суд со кое се потврди дека СЈО е неовластен тужител во рокот по 18 месеци од преземањето на предметите.

„Начелното мислење беше водилка на целите настани. Тоа е во правна сила и останува. Фактички начелното мислење и тогаш упати на фактот дека сите работи кои се одвиваат после 18-те месеци треба да преминат во редовното обвнителство. Во овој момент имаме еден чекор понатаму, се случи сите досегашни активности да преминат во рамките на редовното обвинителство. Значи тоа не е депласирано, туку е во насока на сите активности кои се случуваат“, рече Саити.

Судијата одговарајќи на новинарско прашање рече дека е возможно Врховниот суд да донесе ново начелно правно мислење.

„Тоа е можно. Членот 6 од Законот за судови го шири спектарот на подносители на такви иницијативи“, рече Саити на промоцијата на зајакнувањето на капацитетите на Судско-медиумскиот совет.

Највисокиот суд во јануари годинава донесе начелно правно мислење со кое утврди дека СЈО е неовластен тужител по рокот од 18 месеци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски