Времето утре – услови за појава на магла и ниска облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе се задржи умерено до значително облачно време со утринска температура околу нулата и со дневна до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно облачно време со услови за повремен локален дожд, особено во четврток. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски