Времето утре сончево со умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Југозападниот ветер ќе продолжи да дува и денеска и ќе предизвика топење на постојната снежна покривка.

Нов поинтензивен влажен бран од врнежи претежно од дожд, локално и со над 25 литри на метар квадратен ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат и поројни и проследени со засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Потоа следува период на постудено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец во овој период.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска