Времето утре – сончево со умерена локална облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во сабота времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна локална облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ноќта према недела ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кога ќе дува и умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Во наредната недела ќе преовладува облачно и постудено време за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски