Времето во Република Македонија утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. УВ индексот ќе изнесува 6.
Температурата ќе се движи од 21 до 31 степен.
Во Скопје слично време со температура до 29 степени.