Времето утре – сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, особено повеќе ќе биде застапена во северозападниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 32 степена.

Во Скопје во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Во охридско-преспанскиот регион утре ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Во дојранскиот регион исто така ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 32 степена.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени и почести врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со појава на грмежи. Наместа се очекува да наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен воден талог, а ќе има и позначителен пад на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски