Времето утре – сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе е спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Во охридско-преспанскиот регион ќе дува засилен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 29 степени, а во Дојран без позначителни промени со дневна температура до 35 степени.

Опаѓање на температура за четири до пет степени се очекува во понеделник и во вторник кога дневната температура ќе се движи помеѓу 25 и 33 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски