Времето утре – сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепено затоплување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски