Времето утре – сончево и релативно топло со мала облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Наутро по котлините со појава на магла, која повеќе ќе се задржи во Пелагонија. Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност.  Ќе дува слаб повремено умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 8 степени.

И понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината. Утре и кон крајот на работната недела на места ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе ги намали условите за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска