Времето утре – сончево и многу топло

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со над просечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната температура од 28 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 34 степени.

Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски