Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во источниот дел на земјава се уште ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

В среда кон крајот на денот и в четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд кои во западните и југозападните делови на земјата ќе бидат доста обилни кога очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска