Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет и повеќе ќе бидат застапени особено во западните делови од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен во Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во понеделник и во вторник ќе има извесно стабилизирање на времето, но локално се уште е можен краткотраен дожд. Од среда па во наредната недела ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд кои наместа се очекува да бидат пообилни.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски