Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајниот југоисточен дел можен е краткотраен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб доумерен ветер претежно од северен правец.

Температурата ќе се движи од два до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

Во вторник ќе биде сончево со мала облачност, а од среда повторно се очекува променливо облачно со повремен дожд, и снег на планините. Врнежите ќе бидат во источните и западните делови на земјата.

Мало намалување на температурите од околу два до три степени ќе има во четврток. Кон следниот викенд температурите повторно благо ќе растат и времето ќе биде без врнежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски