Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне до крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилување на ветерот, а не е исклучена ниту пак појава на град.

Во западните делови се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 20 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне со услови за пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на некои места со пороен дожд, грмежи и со појава на град. Се очекува во наредните денови да наврне поголема количина воден талог.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски