Времето утре – променливо облачно со слаб ветер

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди кон североистокот на земјата. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Наутро по котлините ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до еден, а дневната од нула до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде слично. Наутро ќе има услови за појава на магла и ниска облачност која преку денот ќе се намалува. Во попладневните часови ќе има и почести сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до два степена.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди почесто на истокот од земјата, а по котлините ќе има појава на магла. Од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег претежно во западните делови. Температурата во овие денови ќе има тенденција на пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски