Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со краткотраен локален дожд, повеќе врнежи се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно со пониски дневни температури, локално е можен краткотраен дожд, особено во западните планински предели.
В среда ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно се очекува извесно стабилизирање на времето.
