Времето утре – претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Од:

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата. Минималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38. УВ=8

Во Скопје претпладне претежно сончево, преку денот топло, но со умерен до повремено засилен јужен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата: 19/35 степени.

Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски