Времето утре – претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Во централите делови од земјава врнежите ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски