Времето утре: Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд на места со ретки грмежи. Во текот на ноќта кон среда локално врнежите ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје претпладне претежно облачно, а попладне, особено во ноќните часови со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поинтензивни.

Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во среда претпладне се уште ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат послаби и локални. Температурите од четврток ќе бидат во пораст, а времето ќе биде стабилно и нешто потопло.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска