Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

И во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура во сабота ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 14 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од 12 до 20 степени. Дневната температура ќе биде во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела и ќе се движи во интервал од 15 до 22 степена.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски