Времето утре ќе биде сончево со температури до 17 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. По одделни котлини и по речните долини ќе има услови за појава на магла, особено во утринските часови.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје сончево со појава на слаба магла во утринските часови. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег. Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски