Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога ќе има услови за локално невреме со град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има утре. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови. Од четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови посвежо време. Од петок до недела ќе има повеќе сончеви периоди, а врнежите ќе бидат послаби и полокални.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски