Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне кога локално ќе има и појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат со слаб и умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во западните краеви. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено попладне и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 18 степени.

И во четврток преку денот не се очекува значителна промена на времето. Во текот на ноќта кон петок поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Поварадрието. Поради разведрувањето, за време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, но преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат нешто повисоки.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски