Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени, а УВ индексот 7.
Во Скопје до крајот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре и в сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. В недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, велат од УХМР.