Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Попладне, особено во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метер квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе облачно со повремен дожд кој ќе биде пообилен кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во четврток во текот на денот ќе дува наместа и засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска