Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови наместа ќе има спуштање на температурата под нулата. Во сабота наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. За време на викендот ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски