Временска прогноза

Од:

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7, а дневните од 17 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен ветер. Претпладне ќе има услови за слаба магла и ниска облачност. Утринската температура ќе биде 2, а дневната ќе се движи до 19 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски