Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно. Во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од локален дожд, но со послаб интензитет, повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од девет до 13 степени.
Во Скопје изутрината ќе има услови за слаб дожд, а преку денот врнежите ќе престанат. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Од сабота следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а преку денот ќе има затоплување, односно температурата на воздухот ќе биде во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски