Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Во текот на недела ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време.
Зголемена облачност ќе има во среда кон крајот на денот, која во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе биде проследена со локален краткотраен дожд и појава на грмежи.