Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален повремен дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежи на повеќе места. Локално ќе има и појава на пороен дожд проследена со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До сабота ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре, но и во петок претпладне кога локално ќе бидат и со пороен карактер проследени со грмежи. Во овој период ќе дува умерен повремено и засилен југоисточен ветер, а во сабота ветерот ќе го промени правецот во северен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски